ПОТПИШАНА Е ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПОДРШКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Далибор Ангелов потпиша Декларација за поддршка на Националната платформа за женско претприемништво со координаторката на Платформата за Источниот плански регион”.
Во општина Чешиново-Облешево има голем број на способни жени кои поради разни причини не ги истакнале своите способности во општеството. Би бил среќен да видам жена која ќе основа фирма, и искрено се надевам дека тоа ќе се случи.