Поставен камен темелник на камбанерија на црквата „Св.Наум“ во с.Чифлик
По повод верскиот празник Св.Наум извршено беше поставување на камен темелник на камбанерија на истоимената црква во населеното место Чифлик. На церемонијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков. Официјалното осветување на камбанеријата го направи Митрополитот Брегалнички г.Иларион во присуство на неговите црковни службеници. На настанот присуствуваа и поголем број на жители од с.Чифлик.