Покана за учество на Собир на учесници во консолидација на земјоделско земјиште во Чифлик
Почитувани земјоделци/сопственици на земјиште од КО Чифлик,
Во тек е постапка за консолидација (окрупнување) на земјоделското земјиште во катастарската општина (КО) Чифлик, општина Чешиново-Облешево.
Консолидацијата е државна политика за подобрување на неповолната структура на земјоделското земјиште преку окрупнување на раситнетите парцели. Истата е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и е регулирана со Законот за консолидација на земјоделското земјиште.
Ги покануваме сите сопственици на земјоделско земјиште во консолидационото подрајче Чифлик да учествуваат на Собир на учесници во консолидацијата во КО Чифлик, кое ќе се одржи на 1 јули (сабота) 2023 година, во ОУ “Климент Охридски’’ – подрачно училиште Чифлик, со почеток во 17:00 часот.
Целта на собирот е да се формира Собрание на учесниците во консолидацијата – најважно одлучувачко тело кое го сочинуваат сите сопственици на земјоделско земјиште во КО Чифлик.
Придобивките од консолидацијата се многубројни, и зависат пред се од активното учество на сите учесници во процесот. Секој земјоделец ќе добие можност да ги окрупни своите парцели, а исто така ќе се подобри постојната и ќе се изгради нова земјоделска инфраструктура – канали за наводнување и одводнување и пристапни патишта.
Ги охрабруваме земјоделците од Чифлик, активно да се вклучат во процесот на консолидација и да ги искусат придобивките од истатa. Ве очекуваме на Собирот на учесници на 1 јули 2023, во Чифлик.
