ОДБЕЛЕЖАНА 117-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НИКОЛА КАРЕВ
Симболично, со полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во месноста Свиланово кај с.Рајчани , посветено на големиот револуционер, учител и претседател на Крушевската Република Никола Карев беше одбележана 117 годишнината од неговото загинување. И оваа година скромно но достоинствено ја изразуваме почитта кон револционерот, кој со своето дејствување остави неизбришливи траги во нашата историја. Со положување на цвеќе од страна на градоначалниците на општините Чешиново-Облешево , Кочани и Виница му беше одадена достојна почит на делото на Никола Карев.
