Новогодишни и Божиќни празници
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници градоначалникот Г-н Далибор Ангелов денес беше во посета на детските градинки од општината. На најмладите односно на дечињата од градинките лично им подели новогодишни пакетчиња и им посака многу здравје и среќни мигови во Новата 2022 година, бидејќи кај нив е и најголема среќата и возбудувањето од доаѓањето на новата година.














