Нова механизација за метење и чистење на улиците

Денес 17.10.2016 год. претставници од Амбасадата на Република Германија во Скопје беа во посета на општина Чешиново-Облешево .
Целта на посетата е примопредавање и пуштање во употреба на „Машина за метење на улиците“ која всушност е набавена со финансиска поддршка од Амбасадата. Вкупната вредност на проектот е 363.300,00 денари . Оваа машина ќе биде дадена на користење на Јавното Претпријатие за Комунални дејности „Облешево“. Како што истакна директорот на ЈПКД „Облешево“, Стојанче Анастасов – „ Со набавката на ваков вид на машина освен што се модернизира начинот на собирање на отпад и метење на улиците се намалува и потребата од ангажирање на повеќе лица за вршење на истата работа“.
Благодарност кон Амбасадата искажа и градоначалникот Костадин Личков кој истакна: „ Со набавката на ваков вид на машина освен што значително ќе биде олеснета работата на Јавното Комунално Претпријатие оваа машина ќе придонесе и за поголема безбедност во сообраќајот. Во нашата општина во жетвениот период зачестена е фреквенцијата на земјоделската механизација на магистралниот пат А3 кои оставаат наноси од земја и кал на патот која е сериозна закана за безбедноста во сообраќајот што досега резултираше со зачестени сообраќајни незгоди“.
Набавката на оваа машина ќе помогне во решавање на ваков тип на проблеми а со тоа ќе придонесе и за поголема безбедност во сообраќајот во Општина Чешиново-Облешево.

14725702_611548609049078_4424464547296568418_n14641970_611548459049093_4986067632141742750_n 14642338_611548665715739_4374335216649689939_n 14650322_611548449049094_6093965763972484050_n 14713597_611548462382426_2008938608865542797_n 14724455_611548799049059_3593985641972316662_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *