Министерот на МЗШВ Г-н Трајан Димковски во посета на општината

Денеска, во село Соколарци, Општина Чешиново-Облешево, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-н Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Г-н Никола Бабовски го посетија објектот каде се чуваат 96 јуници во вредност од над 10 милиони денари, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.
Како општина не радува фактот што носители на апликацијата се две жени од кај нас односно од с. Соколарци , кои се носители на земјоделски стопанства, што значи дека мерките за развој на земјоделството допираат и до руралните жени кои се повеќе се охрабруваат да водат земјоделски стопанства, да аплицираат и да ги користат мерките од програмите.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *