Изградба на фекална канализација с.Бања

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделство, Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, денеска го означија стартот на градежните работите за изградба на Канализациона мрежа во с.Бања.
Директорот Бабовски и градоначалникот Крстев, направија увид во градежните активности каде фирмата изведувач на градежните работи ДПУ„Коп-Инженеринг“ денес официјално ја отпочна изградбата на проектот кој е финансиран преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно обезбедени се вкупно 24.561.202,00 денари со пресметан ДДВ.
Директорот Бабовски, истакна дека со овој проект кој се реализира преку Програмата за рурален развој, населеното место Бања, за прв пат ќе добие канализација.
„Вкупната кофинансирана вредност на проектот е 16,9 милиони денари, без пресметан ДДД. Со овој проект овозможуваме 300 жители на селото Бања да добијат канализациона мрежа со што ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните од оваа населено место, ќе ги намалиме трошоците за чистење на септичките јами а со ова позитивно ќе влијаеме и врз заштитата на животната средина. Освен овој проект во овој дел од државава ќе се реализира и уште еден проект со кои ќе се обезбеди вода во неколку села. “ – истакна Бабовски
Градоначалникот Крстев, истакна благодарност за финансирањето на двата проекти и рече дека на овој начин се подобруваат условите за живот во овие населени места.
„Како што ветивме, така постепено и остваруваме. Во нашата работа преоритет ставивме на изградба на канализациона мрежа во сите населени места од општината. Денес со изградба на канализациона мрежа започнуваме и во с.Бања. Чест ми е да истакнам дека по изградбата на канализационата мрежа село Бања ќе биде комплетно снабдено со водоводна и канализациона мрежа, а исто така сакам да се пофалиме дека во ова населено место ни остана само една мала улица неасфалтирана која исто така почетокот на наредната година ќе биде завршена. За жителите на с.Бања сакам да им најавам дека во најбрз рок ќе се започне и со уредување на старите селски чешми која во с. Бања освен што ќе биде реконструирана ќе добие и партерно уредување.„ – истакна Градоначалникот Крстев
Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија поточно од Програмата за рурален развој. Со помош на овие средства се овозмува рамномерен развој на целата држава.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *