Изградба на пристапна рампа

Согласно акциониот план на Министерството за труд и социјална политика за изградба на пристапни рампи за лицата со инвалидност а со цел подобрување на условите и поголема достапност на Јавните установи, Општина Чешиново-Облешево почна со изградба на пристапна рампа на влезот во општинската зграда во Облешево. Ваков вид на пристапни рампи досега се изградени и во другите Јавни установи од општината како во централните основни училишта така и во подрачните од ООУ„Страшо Пинџур“ и ООУ„Климент Охридски“. Со оваа активност на лицата со посебни потреби им се подобруваат условите за живот односно им се овозможува поголема достапност до јавните установи а со тоа и полесно обавување на секојдневните обврски.

14441191_601449056725700_8055057252682129292_n14390698_601449023392370_5660462639589798147_n 14446205_601448936725712_1824105798396998818_n 14470488_601449120059027_1120807665769810791_n-1 14484971_601448900059049_6290660683418951203_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *