Изградба на детска градинка во с.Спанчево

Во општина Чешиново–Облешево во с.Спанчево започнати се градежните активности за адаптација на општински објект во детска градинка со цел обезбедување на дополнителен простор за згрижување на децата од предучилишна возраст.
Веќе постоечките две градинки кои се наоѓаат во Чешиново и Облешево не успеваат да ги згрижат сите деца од општината па поради тоа неопходно беше да биде отворена уште една градинка. Поранешниот објект кој беше амбуланта ќе биде реконструиран и адаптиран во детска градинка која ќе биде со капацитет за згрижување до 50 дечиња.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика . Фирма изведувач на градежните работи е „Линика Инженеринг„ДОО Скопје.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *