Изградба на два еко-етно паркови во општина Чешиново-Облешево

Општина Чешиново-Облешево е првата општина во регионот која ќе добие етно еко парк посветен на штркот. Преоект е вреден десет милиони
денари и предвидува изградба на два еко-етно паркови во близина на селата Соколарци и Чешиново.

„Изградбата на овие два еко етно паркови во село Соколарци и Чешиново се од особено значење за општина Чешиново Облешево. Истите ќе бидат опремени со урбана опрема, инфо куќи, набљудувачница за птици, и друга придружна опрема што на некој начин би го прославила штркот како главно обележје на општината. Денес со Центарот за развој на Источно плански регион го потпишавме договорот со фирмата изведувач на градежните активности „Бау Инженеринг “ ДООЕЛ Штип.“- изјави градоначалникот Горанчо Крстев .

По потпишувањето на договорот, се стартува веднаш со градежните работи , и нивната изградба се очекува да заврши во текот на месец Мај. Веќе во Јуни, општината Чешиново-Облешево ќе биде домаќин на годишното собрание на асоцијацијата „Европско село на штркот„ кога општината ќе ја посетат сите 12 држави членки на асоцијацијата.

Швајцарската агенција за развој и соработка за зачувување на природата е главниот финансиер на пректот а кофинансиер со издвоени средства од 950.000,00 денар е и општината Чешиново Облешево.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *