Изградбата на канализациона мрежа во Соколарци

Фирмата изведувач „Турбоинженеринг ДООЕЛ Скопје“ неодамна започна со градежните работи за изградба на систем за третман на отпадни води во с.Соколарци – во рамките на Проектот „ Заштита на животната средина преку изградба на систем за третман на отпадни води.

Градоначалникот Горанчо Крстев денес беше на увид на градежните работи кои се одвиваат непречено а исто така оствари средба и со месното население.

Изградбата на канализационата мрежа во село Соколарци е од особено значење за жителите на ова населено место бидејки до сега не постоеше никаква канализациона мрежа, отпадните води се собираат индивидуално во септички јами, а со самото тоа доаѓаше до загадување на подземните води и уништување на животната средина.

Изградбата на фекалната канализација во Соколарци е дел од проектите кои центарот за развој на ИПР ги обезбеди од програмата за развој на планските региони преку Министерството за локална самоуправа. Проектот е финансиран од Биро за регионален развој со кофинансирачко учество на општина Чешиново-Облешево.Вкупната вредност на проектот изнесува 15.449.194,00 денари со пресметан ДДВ.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *