Во општина Чешиново-Облешево во с.Спанчево започна „Изведбата на бунар за подобрување на водоснабудвањето на с.Спанчево со изведба на цевковод за поврзување на бунарот со резервоарот“.
„Изградбата на Новиот Бунар е со намена за обезбедување на дополнителни количини на вода во летниот период кога намалува капацитетот на издржливоста на постоечкиот .Со изградбата на бунарот ќе го решиме овој долгогодишниот проблем и конечно жителите на с.Спанчево ќе добијат квалитетно водоснабдување.“ – истакна градоначалникот Крстев.
Бунарот е предвиден да се изведе со длабочина од 65м , и со проектот е предвидено да се обезбеди издржливост на бунарот од 2л/сек. Зафатените количини на вода ќе се пумпат до постоечкиот резервоарски простор од каде ќе се дистрибуира вода по веќе постоечката водоводна мрежа.
За изградба на овој проект општината обезбедени средства во вредност од 2.053.767денари(без ДДВ) , преку Јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант објавен од Министерството за финансии.