Започна проект за селектирање пластичен отпад од земјоделството

Во период од септември 2019 до август 2020год., во општина Чешиново-Облешево ќе се спроведува проектот „Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“ . Спроведувач на проектот е Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани во партнерство со општина Чешиново-Облешево и „Екопроект-Ко“ од Кочани. Вкупниот буџет за реализација на проект изнесува 691.290,00 денари. 
По тој повод денес во кабинетот на градоначалникот Горанчо Крстев беше потпишан договор со „Екопроект-Ко“ ДОО од Кочани, со чија помош ќе се реализира проектот, чија главна цел е јакнење на свеста на локалното население и бизнис секторот за штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството врз климатските промени. 
– „ Со овој проектот е предвидено да се обезбедат потребните ресурси за селектирање и собирање на пластичниот отпад од земјоделството. Во нашата општина ќе бидат поставени садови за собирање на пластичен отпад од земјоделството на 5 локации кои ќе бидат соодветно обележани и за истите ќе бидат изработени флаери и постери со точно обележани собирни места на пластичен отпад од земјоделството. Јакнењето на свеста на локално ниво ќе го реализираме и преку едукативни средби со земјоделците а исто така и со поголемите преработувачки капацитети на земјоделски производи и култури на територијата на општина Чешиново-Облешево“. – истакна Градоначалникот Горанчо Крстев. 
Проектот „Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“ го имплементира Еко-свест , CNVP Македонија и ДЕМ , а е финансиран од страна на Европската унија.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *