ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА „ЕДВАРД КАРДЕЉ“ ВО СПАНЧЕВО
Во населено место Спанчево деновиве започнавме со изградба на улицата „Едвард Кардељ“ , која е со должина од 245метри и широчина од 3,5 метри.
Фирмата изведувач на градежните работи ГТД„Изградба “ДОО по завршувањето на подготвителните активности за проширување, порамнување и поставување на банкините на коловозот, денес започна со поставување на асфалтната маса односно ќе биде поставен асфалтен слој со дебелина од 7см.
Проектот е имплементиран преку Министерството за финансии на РМ.





