Започна изградбата на еко-етно парковите

Деновиве во општина Чешиново-Облешево започна изградбата на двата еко- етно паркови во село Соколарци и Чешиново. Моментално фирмата изведувач на градежните активности „Бау Инженеринг “ ДООЕЛ Штип“ работи на расчистување и подготвување на теренот за нивна изградба.
Парковите ќе бидат опремени со урбана опрема, инфо куќи, набљудувачница за птици, и друга придружна опрема што на некој начин би го прославила штркот како главно обележје на општината. Преоект е вреден десет милиони
денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка за зачувување на природата која е главниот финансиер на проектот а кофинансиер со издвоени средства од 950.000,00 денари е општината Чешиново-Облешево.
