ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ТРКАЊЕ-ПИШИЦА
Во општина Чешиново-Облешево во изминатиот период интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во населените места од општината .
Како дел од програмата на Јавното Претпријатие за Државни Патишта со реконструкција опфатен е регионалниот пат Р2342 Тркање-Пишица.
Реконструкција опфаќа поставување на нова асфалтна маса на веќе постоечкиот пат кој е со должина од околу 12 километри започнуваќи од село Новоселани па се до с.Тркање. Фирмата изведувач на градежите работи „Ескаватори компани “ моментално работи на тампонирање на банкините, а со нивното комплетирање неговата изградба ќе биде комплетно завршена .
Реконструкцијата на овој регионален пат е од особено значење за жителите на нашата општина бидејќи со оваа делница општина Чешиново-Облешево се поврзува со соседните општини, општина Кочани и Пробиштип . Со неговата изградба значително ќе се подобри патната инфраструктура и ќе се обезбеди побезбеден сообраќај.



