ДОГОВОР ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ПО ЕСКО МОДЕЛ
Градоначалникот на општина Чешиново Облешево Горанчо Крстев денес потпиша договор за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување со ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје. На потпишувањето присуствуваше и Министерот за економија Крешник Бектеши.
Овој проект е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.


