ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИСТОКОТ СО ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ- ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИ

По вчерашниот протест на производителите на ориз од кочанскиот регион кои со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, денес оризопроизводителите беа на средба и со градоначалниците од истокот. На состанокот кој се одржа во просториите на општина Чешиново-Облешево со земјоделците, присуствуваа градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Зрновци, Карбинци како и претставник од општина Кочани. Оризопроизводителите и градоначалниците имаа конструктивна дебата, на која беа изнесени барањата на оризопроизводителите, како повисока цена на оризовата арпа која не треба да биде пониска од 40 денари за килограм, промена на сегашниот модел на Водостопанство, повисоки ваучери за зелена нафта, продолжување на рокот за трите денари од Ковид мерките, бидејќи со рок до Нова година пари зеле одвај 15 % од производителите на ориз, а откупена е одвај една петина од годинешнава реколта. Како епилог од состанокот на кој беа изнесени низа предлози и идеи , оризопроизводителите добија и комплетна поддршка од градоначалниците затоа што нивните барања се основани. Се разговараше и за можностите за интервентни мерки, кои Владата треба да ги преземе и да има слух за проблемите на земјоделците.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *