Во завршна фаза изградбата на Еко-етно паркот во Чешиново
Градежните активности за изградбата на Еко-етно парк во с.Чешиново се во завршна фаза. Жителите на с.Чешиново ќе добијат нов урбано опремен парк опремен со урбана опрема, инфо куќи, набљудувачница за птици, и друга придружна опрема што на некој начин би го прославила штркот како главно обележје на општината.
Во склоп на паркот реконструиран е и стариот амфитеатар, на кој поставена е настрешница а исто така е уреден и просторот покрај бината.
Преоект е вреден десет милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка за зачувување на природата која е главниот финансиер на проектот а кофинансиер со издвоени средства од 950.000,00 денари е општината Чешиново-Облешево.


