„Богојавление-Водици 2017“

Денес,во сите Христијански храмови во општина Чешиново-Облешево се одржа утрешна богослужба за големиот христијански празник Богојавление-Водици каде што присуствуваше и градоначалникот Костадин Личков. Традиционално и оваа година во нашата општина на шест места се одржа христијанскиот чин на осветување на водите и фрлање на светиот крст. И оваа година општина Чешиново-Облешево обезбеди скромни подароци за најсреќните. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот во осветените води на река Брегалница кај с.Теранци имаше Саше Крстев од с.Теранци.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *