Асфалтирање на патен правец Бурилчево-Аргулица
По завршувањето на подготвителните активности на теренот , денес започнати се активности за асфалтирање на патниот правец Бурилчево-Аргулица.
Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци. Изградбата на овој пат е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини и во меѓусебна соoбраќајна комуникација скратуваат 25 километри за поврзување со општина Штип. Со комплетно завршување на изградбата на овој пат жителите на Чешиново-Облешево ќе добијат нова собраќајна делница која ќе ги поврзува со општина Карбинци и општина Штип.