Св. Трифун – Кучичино 2016
Со симболично закројување на лозовите насади и верска литургија и оваа година Кучичино ја продолжија традицијата и на свој начин го одбележаа и прославија празникот св. Трифун, заштитникот на лозјата.
Лозарите од источните лозја во Кучичино со овогодишните кумови и лозарите од западните лозја по симболичното закројување на лозовите насади сите заедно се упатија кон средсело каде сите заеднички ја продолжија прославата . Оваа година за убавата атмосвера се погрижија Ферус Мустафов и Елена Велевска . Посетеноста на Кучичино денес беше голема ,над 600 луѓе жители на Кучичино и околните населени места од општина Чешиново-Облешево на еден прекрасен начин преку песна оро и вино го прославија празникот св. Трифун.