Санирање и проширување на банкините на локален пат Облешево-Бање
Изминатите денови градежната механизација на „Дебони“ Кочани работеше на санирање и проширување на банкините на локалниот пат Облешево-Бање .
Со текот на годините на овој патен правец беа создадени насипи од земја покрај патот кои заземаа голем дел од широчината на патот што предизвикуваше отежнато речиси и невозможно разминување на возилата. Со овој зафат извршено е санирање и проширување на местата каде што беше неопходно а со тоа е решен и проблемот на земјоделците и жителите на овие две населени места кои секојдневно се придвижуваат по овој пат.