Работилница на тема „Процена на ризикот од штетници“
Во просториите на Општина Чешиново-Облешево се одржа работилница на тема „Процена на ризокот од штетници“. Основната цел на работилницата беше институционално зајакнување на капацитетите на надлежните органи за спроведување на европското законодавство за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна инспекција. Предавачи на работилницата беа Paolo Solmi и Anna Rosa Babini од Италија. Ова е „twinning“ проект помеѓу Италија и Македонија а токму Општина Чешиново-Облешево беше домаќин на овој настан.