Промоцијата на книгата „Село Чифлик “ од Славица Цветкова
Денес со почеток од 13:00 часот во салата за состаноци на општина Чешиново-Облешево во Облешево се одржа промоцијата на книгата „Село Чифлик “ од Славица Цветкова.
Општинската салата за состаноци беше претесна да ги собере сите љубители на убавиот пишан збор.
Авторот во книгата на еден прекрасен начин го има доловено времето како порано се живеело во село Чифлик и како се живее денес. Преку оваа книга им се дава трајна вредност на настаните и личностите од ова село со цел да не ги покрие превезот на заборавот. Оваа книга е од особено значење за општина Чешиново-Облешево , а аворот г-ѓа Славица Цветкова неуморно и посветено работеше на уште неколку книги кои ги има посветено на селата од нашата општина меѓу кои се : „Теранци низ времето“ издадена во 2008година , и Кучичино , минато, сегашност и иднина„ (издадена 2014год.)