Предавање на тема „Превенција од никотиноманија“ во основните училиштa
Општина Чешиново-Облешево во соработка со претставници од Одделението за превенција при СВР Штип , започна со спроведување на проект на тема „Превенција од Никотиноманија“ во основните училиште на територијата на општина Чешиново-Облешево. Овој проект започна со иплеменцација од Јануари 2016 и ќе трае до крајот на месец Април 2016година . Општа цел за реализација на овој проект е заштита на младите од никотинот и намалување на бројот на млади кои би започнале да употребуваат цигари. Овој проект ќе допринесе за подигање на свеста кај малдите за штетните последици од употреба на цигари. Проектот опфака неколку активности и тоа : Обука на врснички едукатори , од основните училишта ; Одржување на едукативни предавања на учениците од V до IX одделение; Одржување на спортски натпревари во рамки на училиштата; Одржување на спортски натпревари помеѓу училиштата; и Состаноци на Советодавните групи на ѓрагани , се со цел насочување на младите кон позитивно трошење на слободното време и енергијата .
Ваков вид на обуки досега во општина Чешиново-Облешево се реализирани вкупно четири , две во ОУ„Страшо Пинџур„ Чешиново и две обуки во ОУ„Климент Охридски“ Облешево , во кои се опфатени учениците од V до IX одделение или вкупно 250 ученика.