Посета на градежните активности на патот Бурилчево-Аргулица

Денес, 21.04.2016 година, во посета на градежните активности на патот Бурилчево-Аргулица, беше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Овој патен правец во должина од 3,5 километри е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини и во меѓусебна собраќајна комуникација скратуваат 25 километри. Изградбата на овој пат беше најавена уште во мај 2014 кога започна изградбата на патот Видовиште –Теранци кој општина Чешиново-Облешево ја поврзува со соседната општина Зрновци. По изградбата на патот Видовиште –Теранци сега се работи на поврзување на Чешиново-Облешево со Карбинци а по неговото комплетно завршување во кус рок се очекува да се продолжи и со изградба на патот Теранци-Бурилчево . Со нивно комплетно завршување трите општини Зрновци, Чешиново-Облешево и Карбинци ќе добијат нова собраќајна делница кој ќе ги поврзува со Штип.

13015270_539602106243729_7824123396310007437_n13000362_539603242910282_1229199107440221806_n 13007359_539602162910390_4733735412852250103_n 13015234_539602179577055_8394054408901436012_n 13015387_539602566243683_7985015897859795093_n 13043244_539602556243684_5818067385396886008_n 13051530_539601909577082_4892914331639294827_n 13055371_539602639577009_537907308495900871_n 13062329_539601966243743_768896734065096817_n 13062437_539602339577039_7920795027826403971_n 13062501_539601929577080_2946894330222484981_n 13076523_539602416243698_7634258720119203063_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *