Повик до сите даночни обврзници во Општина Чешиново-Облешево
ОПШТИНА
ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО
ОБЛЕШЕВО 17.12.2015 год.
П О В И К
Се повикуваат сите граѓани даночни обрзници на Општината Чешиново – Облешево кои се сопственици и корисници на куќи /деловни згради /гаражи кои се обврзници по основ на Данок на имот веднаш да го платат неплатениот износ на данокот заклучно со 31.12.2015 година во спротивно ќе биде пресметана камата за ненавремено плаќање на данокот.
Исто така се повикуваат сопствениците на новоизградени куќи, помошни објекти и деловни простории во законскиот рок во текот на месец Јануари да пополнат даночна пријава со наведени карактеристики на градбите и пазарната вредност на истите што ќе биде основа за Данок на имот.
Се повикуваат сите сопсвеници и управители на фирми веднаш да ја платат Комуналната такса за фирма и данокот на имот за деловните згради и деловноте простории на фирма заклучно со 31.12.2015 година во спротивно ќе биде пресметана камата за неневремено плаќање на таксата и данокот на имот и ќе се изврши присилна наплата од жиро сметките, при тоа банките за тоа ќе си наплатат дополнителни парични сретства провизија за извршената присилна наплата.
Општината Чешиново–Облешево
Градоначалник,
Костадин Личков