Облешево доби повеќенаменско спортско игралиште

Градежните активности за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во с.Облешево се во завршна фаза. Општина Чешиново-Облешево конечно доби едно современо и модерно повеќенаменското спортско игралиште каде што жителите на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат слободното време и да се рекреираат. Вредноста на инвестицијата за ова повеќенаменско спортско игралиште изнесува околу 7 милиони денари и е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија . Димензиите на ова игралиште се 42.10 x 25.10 метри. Игралиштето содржи терен за ракомет , фудбал и кошарка. Оваа инвестиција е од особено значење за младите од нашата општината , бидејќи со ова игралиште им овозможуваме да го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.

13015249_539204672950139_6599319177265888642_n (1)13012791_539209959616277_1540701759227784014_n 13015659_539204719616801_2617611782493993388_n 13062455_539204726283467_1078703158012823482_n 13076506_539204676283472_8376859357535085612_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *