Новогодишни пакетчиња за најмладите
По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, традиционално и оваа година Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Костадин Личков беше во посета на градинките и основните училишта од општината .
На најмладите односно на дечињата од градинките и првооделенчињата лично им посака многу здравје, и среќни мигови во новата 2016година и секако многу успеси во учењето , бидејќи кај нив е и најголема среќата и возбудувањето од доаѓањето на Новата Година им подели и новогодишни пакетчиња.