Изградба на експресен пат Штип-Кочани
По потпишувањето на договорот со ЕБОР ќе започне изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Изградбата се очеува да започне во првиот квартал следната година.
Денес Градоначалникот на општина Чешиново – Облешево Г-н Костадин Личков на прес за медиумите изрази Благодарност до Владата на РМ за изградбата на експресен пат Штип-Кочани .
– Изградбата на овој пат е од особено значење за општина Чешиново-Облешево , со изградбата на оваа делница која ќе минува низ територијата на општина Чешиново –Облешево значително ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина. Освен подобрување на патната инфраструктура со овој пат очекуваме да се подобри и економскиот и стопанскиот развој како за нашата општина така и за целиот Источен регион, истакна градоначалникот Костадин Личков.