„Засади успех“ – Ден на дрвото во Општина Чешиново-Облешево

Традиционално и оваа година во Општина Чешиново-Облешево беше спроведена акцијата ден на дрвото која оваа година е под мотото „Засади успех“. Мотото е со цел да се потсетиме на сите претходни успешни акции. Се засадуваа дрвца на неколку локации. Општинската администрација заедно со градоначалникот Костадин Личков засадуваа дрвца во паркот во с.Облешево како и околу општинската зграда. Учениците од централните училишта „Климент Охридски“ од Облешево и „Страшо Пинџур“ од Чешиново засадуваа во близина на игралиштата а во подрачните училишта акцијата беше спроведена во училишните дворови. Во акцијата се вклучија и најмалите од градинката „Ѕвездички“ од Чешиново кои покажаа дека уште од мали нози треба да се грижиме за природата. Вкупно оваа година беа засадени околу 2500 дрвца и тоа: црн бор, бел бор и чемпрес. Да се надеваме дека голем дел од нив ќе се зафатат и ќе придонесат за здрава и чиста животна средина.

12308415_489867027883904_8820375227756229558_n11045502_489867997883807_8829690236747893235_n  12295489_489867974550476_561827983852655398_n  12311128_489867044550569_6557953633692830355_n11046214_489868097883797_4602121034420562962_n 12314050_489868297883777_5712276886243810949_n 12316461_489868117883795_9141224196786013298_n 12341604_489867294550544_2893330773731163712_n 12342701_489867964550477_2010174009037978573_n 12342770_489867051217235_2033726998936951268_n

12308828_1710218939207830_2901047161185076043_n 12311035_1710219342541123_73863601648755630_n 12313848_1710219335874457_8355240673311748141_n 12342300_1710219279207796_3836808827120836837_n 12342786_1710219392541118_6482201051639677990_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *