Завршен проектот „Превенција од Никотиноманија“

Денес во ОУ„Климент Охридски “ во Облешево се одржаа спортски натпревари помеѓу училиштата ОУ„Климент Охридски “ Облешево и ОУ„Страшо Пинџур“ Соколарци , како последна активност предвидена во програмата за спроведување на проект на тема „Превенција од Никотиноманија“ кој започна во почетокот на јануари 2016 и беше спроведен од страна на општина Чешиново-Облешево во соработка со претставници од Одделението за превенција при СВР Штип и двете основни училишта ОУ„Климент Охридски “ Облешево и ОУ„Страшо Пинџур“ Соколарци.
Општа цел за реализација на овој проект е заштита на младите од никотинот и намалување на бројот на млади кои би започнале да употребуваат цигари. Овој проект се спроведе со цел да придонесе за подигање на свеста кај младите за штетните последици од употреба на цигари.
Со Проектот беа опфатени неколку активности и тоа :
– Обука на врснички едукатори , од основните училишта ;
– Одржување на едукативни предавања на учениците од V до IX одделение; и
– Одржување на спортски натпревари во рамки на училиштата; Одржување на спортски натпревари помеѓу училиштата;
Со овој проект се опфатени учениците од V до IX одделение или вкупно 250 ученика , а на денешната активност активно учество покрај учениците , наставниците имаа и неколку родители.

12920290_534386050098668_618590085801605697_n12670658_534387716765168_8935198683150026449_n 12931157_534386310098642_7104496454054815306_n 12932571_534386046765335_2851351320562513789_n 12932576_534386043432002_9206759688978801116_n 12936534_534386380098635_3662699917601654612_n 12938199_534386283431978_7136771586404319564_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *