Завршена изградбата на потпорниот ѕид во с.Спанчево

Општина Чешиново-Облешево кон средината на месец февруари започна со работа за изградба на потпорен ѕид над Ободниот канал во с. Спанчево (2-ра фаза).
Ободниот канал во с. Спанчево се наоѓа во непосредна близина на основното училиште во Спанчево.
Овој канал со надојдување на вода предизвикуваше одронување на дел од земјиштето на улицата „1мај“ а со самото тоа беше предизвикано и отежнато движене на жителите од улицата а исто така постоеше и ризик за нивно комплетно отсекување .
По изградбата на првата фаза во која беше изграден ѕид со должина од 30 метри и висина од 2 метри , продолжено е со изградба на дополнителни 40метри должина и 2метри висина, за кои општина Чешиново-Облешево издвои средства во висина од 244.050,00 денари (без ДДВ).
Со изградбата на втората фаза комплетно ќе биде острaнет проблемот на жителите од оваа улица.

12705629_519684951568778_2112427460246490299_n 12790898_519684808235459_1457277962534886077_n 12814660_519684878235452_799365719670806710_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *