Е-кат шалтерот на Катастарот за недвижности нема да работи денес, 07.12.2015

Се известуваат сите жители на Општина Чешиново-Облешево кои имаат потреба од катастарски услуги (имотен лист, спроведување на решенија за легализација, воведување на објект во имотен лист итн.) дека денес, 07.12.2015 година е-кат шалтерот на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Чешиново-Облешево нема да прима нови барања. Овие услуги нема да можат да се извршат ниту во подрачното одделение во Кочани. Причината за ова е надградбата на електронскиот систем со нови хардверски решенија. По надградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците.

katastar opstina

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *