„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Денес во детската градинка „Ѕвездички“ во Облешево беше промовирано ДВД изданието „Сообраќаен буквар “ како дел од акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР, МОН, МТСП и општините во Република Македонија.
Целта на овој проект е да се подигне нивото на знаење на дечињата за нивното учество во сообраќајот, бидејќи сообраќајната култура се стекнува уште од најмлада возраст.
На дечињата на начин прилагоден на нивната возраст им беа прикажани филмски стории во „Сообраќајаниот буквар“ со различни теми и ситуации во сообраќајот .
За поголема мотивација и интерес кај дечињата за запознавање со сообраќајните правила и сообраќајните знаци за дечињата беа обезбедени линијари со сообраќајни ознаки .

12963837_536533789883894_8518928181688499489_n 12987052_536532733217333_8292317996328400656_n 12990917_536532946550645_4000373483631779894_n 12993463_536533266550613_3061803748772258068_n 13012663_536532973217309_4699835503188061706_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *