Активности за изградба на канализација во с.Чифлик
Деновиве интензивно се одвиваат работите за изградба на канализациона мрежа во с.Чифлик. Завршени се работите на главниот колектор од предпречистителната станица до населеното место. Во моментот се работи на улица „Маршал Тито“ каде се врши ископ на земја но ниските подземни води ја отежнуваат работата. Поради одрон на земја се поставуваат и метлани оплати. Со подобрување на временските услови ќе се продолжи со работа и на другите предвидени краци од канализацијата.