– Општинската администрација во општина Чешиново-Облешево се организира во одделенија .
– Одделенија се образуваат заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја од надлежност на општината како и за извршување на: нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси, стручно-аналитички, управни, управно-надзорни, информативно-документациони, стручно-оперативни, материјално-финансиски, инвестициони, информатичко технолошки, стручно-административни како и други работи што се извршуваат во органите на Општината.
– Општинската администрација ја сочинуваат:
- Одделение за човечки ресурси, правни и општи работи
- Одделение за урбанизам,финансии, администрирање на даноци и такси и локален економски равој
- Одделение за инспекциски работи