ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

 


Адреса: "Маршал Тито" ББ, 2301 Облешево, Ж.с/ка: 772014046063012;

ЕДБ:4013005120852; Телефони/факс: (033) 351-770, 351-933

www.cesinovo-oblesevo.gov.mk;  е-маил: info@cesinovo-oblesevo.gov.mk

 

Набавувач:

ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

Број и датум

05-240/1 од 06.02.2018 год.

 

Покана за поднесување понуда

 

Набавувач ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

                        Ул.Маршал Тито бб Облешево

 

Тел.број 033,351-770;факс-033,351-930

Набавувачот има потреба од јавна набавка:  Изработка на проектна документација за инфраструктурни објекти и стручна ревизија на истите, сукцесивно за период од една година.

- Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.

За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со Барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе се спроведе  со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (https://www.e-nabavki.gov.mk), а ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди),   за што објави оглас бр.04/2018.

Ве молиме да  ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 16.02.2018  година  во 12.00 часот.

Јавното отварање ќе се одржи на 16.02.2018 год., во 12.00 часот во  општина Чешиново- Облешево.

Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.Тендерската документација се состои од следните делови:Инструкции за економските оператори, технички спецификации, изјава за исполнување на критериумите за лична способност, Изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда  и образец на понудата..

Однапред Ви благодариме на соработката.

           

 Облешево                                                                  Општина Чешиново-Облешево

06.02.2018 год.                                                                        Градоначалник

                                                                                              Горанчо Крстев

Изготвил:Љијанка Андонова

 

                                              ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

 


Адреса: "Маршал Тито" ББ, 2301 Облешево, Ж.с/ка: 772014046063012;

ЕДБ:4013005120852; Телефони/факс: (033) 351-770, 351-933

web: www.cesinovo-oblesevo.gov.mk;  e-mail: info@cesinovo-oblesevo.gov.mk

 

 

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

 

 

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за - Изработка на проектна документација за инфраструктурни објекти и стручна ревизија на истите, сукцесивно за период од една година.

 

 

СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС  БР.04/2018

 

                    

 

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН  И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

Облешево , февруари  2018 година

 

Инструкции за понудувачите

 

1. Договорен орган

Договорен орган е Општина Чешиново-Облешево,со адреса на ул.Маршал Тито бб, телефон за контакт 033,351-770, факс 033, 351930, електронска адреса  info@cesinovo-oblesevo.gov.mk, контакт лице Љијанка Андонова.

 

2. Предмет на договорот за јавна набавка

2.1. Предмет на договорот за јавна набавка  на услуги- Изработка на проектна документација за инфраструктурни објекти и стручна ревизија на истите, сукцесивно за период од една година.

 

2.2. Предметот на договорот е делив.

Предмет на Договорот за јавна набавка е: Изработка на проектна документација за инфраструктурни објекти и стручна ревизија на истите, сукцесивно за период од една година.

2.1 Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.

 Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.

3. Начин на  извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин :  Испораката ќе се врши суксецивно, по потреба на договорниот орган во период од една  година (сметано од денот на склучување на договорот) , по претходна нарачка од страна на договорниот орган.

Проектите да се изработуваат на ниво на основен проект  согласно важечките прописи во 4 хартиени примероци и еден во дигитална-електронска форма компактибилна со електронската форма во која се изготвуваат катастарските планови и согласно правилникот за содржина на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските потписи.

Набавката ќе биде сукцесивна по потреба на договорниот орган и плаќањето ќе биде исклучиво за услуга која е нарачана и извршена .

 

4. Разлики во цена (корекција на цени)

Економскиот оператор поднесува вкупна цена од сите поединечни ставки вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ.

5. Рок  за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата во разумен рок (во зависност од видот на услугата) , а  по барање на договорниот орган.

 

6. Начин на плаќање

Начин на плаќање е 90 дена по доставување на фактура и испратница, уредно потпишани за извршен прием на стоките.

Плаќањето ќе се изврши исклучиво за услуги  кои се нарачани и примени.

7. Право на учество

7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.

 7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.

7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,  членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .

7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.

7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:

-          учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или

-          учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.

7.7. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

 

 

8. .КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

 

8.1

Лична состојба

Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:

-          на кој во последните пет години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

-          на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;

-          на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

-          кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;

-          кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;

-          кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и

-          кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:

-          изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

-          потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;

-          потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;

-          потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;

-          потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;

-          потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

-          потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

                        Изјавата на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари, ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.

            Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, и дека  не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност,  ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.

Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.

Потврдата за економскиот оператор дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.

Горенаведените документи не смеат да бидат постари од шест месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава горенаведените документи, или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

Согласно со член  102, став 4 од Законот за јавни набавки (Сл. весник на РМ бр.136/07 , 130/08 , 97/10 и 185/2011), понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на способност. Наместо тоа, понудувачот поднесува Изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на способност, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација.Договорниот орган ќе побара само од понудувачот кој поднел најниска цена во текот на електронската аукција да ги достави потребните документи за утврдување на неговата способност.

8.2

Способност за вршење на професионална дејност

За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.

 - најмалку  Лиценца за  проектирање на градби од втора  категорија (за дел 1) (Лиценца  Б ),  односно Лиценца  за  ревизија на проектна документација ( Лиценца  Б) (за дел 2),  издадена од Министерството за транспорт и врски на РМ, согласно Закон за градење - Пречистен текст  ( „ Сл.весник на РМ “   бр.59/11)..

копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;

 

9. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:

     

Документите од точка 8.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.

 

Согласно со член 102, став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи  предвидени во точка 8.1 како доказ за личната состојба. Наместо тоа, понудувачот поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.

Задолжително за сите понудувачи е доставување на  документацијата за докажување на професионална дејност , а документите за лична состојба  ги доставува САМО најповолниот понудувач.

Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.

Изјавата за исполнување на критериумите за лична состојба се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице или овластениот потписник на економскиот оператор. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".

 

     

 

10. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација

 10.1 Појаснување на тендерската документација

10.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

 10.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето,  без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

10.2 Измена и дополнување на тендерската документација

10.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале. 

            10.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган го продолжува крајниот рок  за доставување на понудите за три дена.

10.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.

 

11. Изготвување и поднесување на понудите

 

        11.1. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.

11.2.Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".

Краен рок за поднесување на понудите е 16.02.2018  до 12.00 часот.

 

11,3,Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

Со понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.

11.4. Изјава за сериозност на понудата

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

 

11.5. Изјава за независнa понуда

Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa  понуда, при што треба да го користи образецот  на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.

 

 

 

11.6. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

·         Документација за докажување на професионалната способност, (ДРД образец и Лиценца за  проектирање (за дел 1) , односно ревизија (за дел 2) на градби од втора  категорија),

 

 

 

      11.7. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.

 

11.8.  Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува  90 дена од денот на  отворањето  за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од  тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

 

12. Краен рок и место за поднесување на понудите

 

12.1. Краен рок за поднесување на понудите е  16.02.2018 година во 12.00 часот.

 

12.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.

12.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

13. Отворање и евалуација на понудите

 

13.1.Отворање на понудите  е јавно, а  ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација: општина Чешиново-Облешево.

 

13.2. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди. Во случај кога е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН.

 

14. Критериум за доделување на договорот

14.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

14.2.Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).

 

15. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

 

15.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

Понудената  единечна цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без ДДВ кој се искажува посебно, а вкупната цена  на понудата треба да го вклучува збирот на сите  единечни  цени без ДДВ .

 

15.2. Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (https://www.e-nabavki.gov.mk).

 

15.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН[1], по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.

 

15.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.

Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди  датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна

16. Доделување на договорот за јавна набавка

16.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.

16.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата

16.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана  порано поднесената понуда.

16.4 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена   .

16.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

17. Известување за доделување на договорот за јавна набавка

17.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

17.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

 

18. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

 

19. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

 

19.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

19.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



[1] Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН