Tagged: Еко-етно паркот

0

Жителите на село Соколарци добија комплетно нов урбано опремен Еко-етно парк. Паркот е опремен со урбана опрема, инфо куќи, набљудувачница за птици, и друга придружна опрема што на некој начин го поставува штркот како главно обележје на општината. Во склоп на паркот исто така е регулирано и поплочено со камен коритото на долот што минува покрај самиот парк. Преоект е вреден десет милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка за зачувување на природата која е главниот финансиер на проектот а кофинансиер со издвоени средства од 950.000,00 денари е општината Чешиново-Облешево.