Aсфалтирање на патен правец Бурилчево-Аргулица

По завршувањето на подготвителните активности на теренот , денес механизацијата на ЈП „Македонија Пат “, во општина Чешиново-Облешево започна со активност за асфалтирање на патниот правец Бурилчево-Аргулица.
Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци. Изградбата на овој пат е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини и во меѓусебна соoбраќајна комуникација скратуваат 25 километри за поврзување со општина Штип. Со комплетно завршување на изградбата на овој пат жителите на Чешиново-Облешево ќе добијат нова собраќајна делница кој ќе ги поврзува со Штип.

15094973_628595290677743_5135588746061328940_n 15136025_628595310677741_1124021765049483715_n 15181298_628594894011116_2718424960783607235_n 15181636_628595057344433_9084158847165708504_n

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *