Соопштение за извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за пречистителна станица во с.Кучичино

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево

О Р Г А Н И З И Р А

Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД со намена Е3, мала пречистителна станица за отпадни води во с. Кучичино, КП 1870 и КП 1871, м.в. „Долна Лака“, КО Кучичино, општина Чешиново-Облешево

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за ЛУПД со намена Е3, мала пречистителна станица за отпадни води во с. Кучичино, м.в. Долна Лака, КО Кучичино, општина Чешиново-Облешево. Површина на опфатот е 0,5 ха.
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина може да се разгледа и во просториите на општина Чешиново-Облешево секој работен ден од 8 – 16часотпочнувајќи од 15.07.2016 до 15.08.2016 година.
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 15.08.2016 годинаво општина Чешиново-Облешево, со почеток во 12.00 часот.
  4. Правните и физичките лица можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Чешиново-Облешево во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на консултацијата со јавноста и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина или истите можете да ги испраќате на е-маил: cesinovo-oblesevo@t.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Чешиново-Облешево, ул. Маршал Тито бб, 2301 Облешево.

                                                                                                Општина Чешиново-Облешево

                                                                                                                   ГРАДОНАЧАЛНИК

    Костадин Личков

Lupd precistitelna naslovna

 

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *