СООПШТЕНИЕ

Општина Чешиново Облешево согласно препораките од Нацрт-записникот од Петнаесеттата седница на Владата на РСМ, оддржана на 10 март 2020 усогласен со Записникот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, е должна да се придржува кон усвоените заклучоци, мерки и препораки за заострување на мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот на целата територија на РСМ:
– прекинат е воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта во наредните 14 дена, при што вработените лица се ослободени од работа во овој период;
– да се прекине со посета на сите вонучилишни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат вон наставата;
– да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на општината , во наредните 14 дена.
-да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани во наредните 30 дена.
– се препорачува на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз;
– Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките да бидат казнети, согласно член 205 и 206 од Кривичниот Законик.
– да се забрани организиран меѓународен втобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високоризичните земји, како и од тие земји кон РСМ, согласно листата на Светската Здравствена организација.
– целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство;
– сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа, а се препорачува и на приватниот сектор да преземат активнсоти за одржување на хигиената на највисоко можно ниво и да воведат средства за дезинфекција во институциите;

https://vlada.mk/node/20446…

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *