Реконструкција на Јавни Чешми

Во општина Чешиново Облешево започнавме со проектот за Реконструкција на Јавните Чешми со партерно уредување, во населените места Бања, Бурилчево , Соколарци, Спанчево и Теранци.
Проектот предвидува реконструкција на старите јавни чешми со партерно уредување и поставување на урбана опрема со клупи во непосредна близина.
Фирма изведувач на градежните работи е „Турбоинженеринг“ ДООЕЛ Скопје.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени дел од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од 756.280,00 денари без вклучен ДДВ и кофинансиски дел од Буџетот на општина Чешиново-Облешево во износ од 376.833,00 денари без вклучен ДДВ.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *