РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ“ С.ЧЕШИНОВО

Во рамките на „Проектот за поврзување на локални патишта“ во Република Македонија кој се реализира од Министерството за Транспорт и врски со Финансиска подршка од Светска банка, општина Чешиново-Облешево започна со имплементација на „Проект за реконструкција на улица Христијан Тодоровски Карпош с.Чешиново“.Градоначалникот Г-н Далибор Ангелов денес беше на увид на градежните работи за изградба на улицата. Со реализација на овој проект опфатена е една од најпрометните улици во централното подрачје на с.Чешиново. Новопредвидениот профил на улицата е со должина од 550метри и ширина од 9метри од кои 6 метри е коловозна површина и тротоари од 1.5метри од двете страни на коловозот. Одводнувањето на коловозната површина ќе се овозможи со попречени наклони како и новопредвидени сливници со кратки одводи во атмосверскиот канал кој ќе биде долж целата улица. Средствата за реализација на овој проект изнесуваат: 15.131.812 денари.Изведувач на градежните работи е ДПТУ Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје и БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *