Просторен план на источен плански регион 2013-2030 (нацрт)

Просторен план на источен плански регион 2013-2030(нацрт)

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за просторен план на источен плански регион за плански период 2013-2030

Просторниот план на Источниот плански регион, претставува интегрален развоен и управувачки документ, со чија помош ќе се дефинира организација на просторот, целите и концепциите на просторниот развој на одделни области, како и условите за нивна реализација и меѓусебна усогласеност.

Изработката на Просторниот план е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC), а координирана од Helvetass Swiss Intercooperation и Фармахем Скопје. Министерството за животна средина и просторно планирање ја координира целата постапка за изработка и ги спроведува процедурите на донесување на Планот согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање,врз основа на Меморандумот за соработка во кој се вклучени најзначајните засегнати страни.

Центарот за развој на Источен плански регион како претставник на единиците на локалната самоуправа кои припаѓаат на Источниот плански регион во функција на корисници на Просторниот план на Источниот плански регион учествуваат во процесот на изработка на Планот.

Планскиот опфат е утврден според номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3 (Службен весник бр. 158/07). Источниот плански регион се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, опфаќа дел сливното подрачје на реката Брегалница, односно се протега низ Малешевско-Пијаничката, Штипската котлина и Кочанското поле. Регионот од источна страна се граничи со Република Бугарија, на север со Североисточниот плански регион, на запад со Вардарскиот плански регион, а на југ со Јуоисточниот плански регион. Подрачјето на Источниот плански регион административно е организиран во 11 општини: Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Зрновци, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Карбинци, Штип, со вкупно 217 населени места, од кои 8 градски и 209 селски.

Територијата на Источниот регион зафаќа површина од 3 538,59 km2, а во неа според проценките на населението на Државниот завод за статистика во 2012 година (состојба 31.2012) живееле 178 814 жители, со 8.7% од вкупниот број на население или 50,53 жители на km2.

Изработката на Просторен план на Источниот плански регион е од есенцијално значење за правилно согледување, инвентаризирање и валоризирање на вредностите и потенцијалите на овој простор и дефинирање на насоки, мерки и решенија за рационално искористување, уредување, користење и заштита од аспект на одржлив развој.

Просторниот план претставува документ од највисоко ниво со кој ќе се усогласуваат сите развојни документи кои ќе бидат донесувани за дадениот простор.

prostoren-plan-naslovna

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *