Потпишан протокол за Соработка со романската општина Boldeşti-Scăeni
Викендов претставници од нашата општина присуствуваа на свеченоста по повод празникот на општина Болдешти –Скаени ,околија Прахова ,Република Романија.
На свеченоста која се одржа во Домот на Културата во Општина Болдешти –Скаени официјално беше потпишан Протоколот за Соработка помеѓу Општина Болдешти –Скаени и Општина Чешиново-Облешево.
Оваа соработката со Романската општина Болдешти –Скаени за нас значи многу. Со потпишувањето на овој протокол двете општини се договоривме дека ќе разменуваме позитивни искуства ќе соработуваме на економски, културен и спортски план ,а исто така се надеваме дека ќе воспоставиме и соработка во делот на подготовка на проекти финансирани од Европската унија.
Со потпишувањето на овој протокол двете општини исто така се обврзуваме со заеднички договор секоја година да изготвуваме програма за конкретни активности кои ќе ги имплементираме заеднички.