Потпишан договор за Изградба на фекална канализација во Соколарци by admin · August 27, 2019 Заменик министерот за Локална самоуправа Дејан Павлески и градоначалникот Горанчо Крстев денес во просториите на општина Чешиново-Облешево го потпишаа договорот за Изградба на фекална канализација во с.Соколарци. Изградбата на фекалната канализација во Соколарци е дел од проектите кои центарот за развој на ИПР ги обезбеди од програмата за развој на планските региони преку Министерството за локална самоуправа. Проектот е финансиран од Биро за регионален развој со кофинансирачко учество на општина Чешиново-Облешево, и со негова изградба се очекува да се започне во најбрз временски период.