Помош за социјално-загрозените домаќинства

Денес градоначалникот Горанчо Крстев по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, подели 50 пакети со прехрамбени производи на социјално-загрозените домаќинства од општина Чешиново-Облешево.

„ Со овој вид на хуманитарни активности сакаме да им помогнеме на нашите сограѓани во период кога трошоците за празниците се и најголеми. Сакам да истакнам дека посветено ќе работиме на помагање на овие социјално загрозени семејства, не само преку доделување хуманитарни пакети, но и во создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приходи врз основа на кои што сами ќе можат да се издржуваат. Наша основна цел е справување со сиромаштијата и намалување на социјалниот ризик како и да го подигнеме локалниот економски раст во општината а следствено на тоа да овозможиме креирање на нови работни места кои се основа за подигање на стандардот на населението,“ истакна градоначалникот.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *